ЕУ ќе купува повеќе течен гас од САД, за да го смилува Трамп

Европската унија ќе ја обнови својата понуда до Соединетите држави за зголемување на купувањето на американски течен природен гас (ЛНГ), надевајќи се дека претседателот Доналд Трамп ќе покаже поголема подготвеност за дијалог по најавената 90-дневна пауза на новите глобални царини, пишува Политико, цитирајќи тројца европски претставници.

Блокот подготвува конкретни предлози насочени кон задоволување на барањата на Вашингтон и намалување на тензиите во трансатлантските трговски односи. Меѓу идеите е здружување на побарувачката за течен природен гас (LNG) во големи паневропски нарачки кои би можеле да ги задоволат барањата на Белата куќа, но по поконкурентни цени.

„Овие предлози се на маса веќе некое време, но сега се надеваме дека постои можност за напредок“, изјави еден од изворите за публикацијата.

Откако Трамп објави царина од 20% за увозот од ЕУ на почетокот на неделата.

Тој побара од европските земји да го зголемат купувањето на американската енергија за 350 милијарди долари, во средата вечерта изненадувачки објави 90-дневен мораториум на повеќето царини, повикувајќи ги американските партнери да преговараат.

ЕУ го гледа ова како можност да ја врати на дневен ред темата за зголемените испораки на течен гас од Америка – не само како алатка за подобрување на односите со САД, туку и како клучен дел од стратегијата за конечно прекинување на енергетската зависност од Русија.