Home Популарно ЕУ со истрага против двајца активисти за сексуална злоупотреба на бегалци

ЕУ со истрага против двајца активисти за сексуална злоупотреба на бегалци

Американските медиуми објавуваат дека Европската Унија и Грција водат истрага за двајца членови на невладина организација која е спонзорирана од мрежата на Сорос, кои што според наводите сексуално злоупотребувале бегалци.Двајцата осомничени се товарат дека покрај сексуален престап биле дел од финансики скандал во рамки на својата организација.

Паралелно со истрагата на ЕУ американската организација „Mercy Corps“ суспендирала и истражува свои двајца вработени кои што биле избркани од работа.

„Се води целосна истрага за обвинувањата од страна на експерти за човекови права и луѓе кои имаат искуство со сексуално насилство. Продолжуваме да ги информираме грчките власти и јавниот обвинител за овој случај“, се вели во соопштението од оваа организација која што е активна  и во Македонија од почетокот на бегалската криза во 2015.

„Mercy Corps“ беше особено активна за време на бегалската криза во 1999 година кога нејзини активисти пружија огромна помош на бегалците од Косово во Македонија.