Европската унија сеуште молчи кој ќе биде повикан за вечерата организирана за лидерите од Западен Балкан во Брисел на 24 мај.
Поради актуелната политичка ситуација во земјава уште не се знае кој од политичките лидери ќе присуствува на состанокот на лидерите од државите во регионот во Брисел, дали техничкиот премиер Емил Димитриев или мандатарот Зоран Заев.
Состанокот за 24 мај го свика шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, а денеска портпаролката Маја Коцијанчиќ не сакаше да открие кој премиер во име на Македонија ќе патува на неформална вечера.
Како што пренесе Мета повикувајќи се на изјавата на Кочијанчиќ имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата.
„Во овој момент можам да кажам дека поканите се испратени до премиерите, а имињата на учесниците ќе бидат потврдени непосредно пред посетата. Ќе ве замолиме за трпение, но до 24 мај ќе дознаете кој ќе дојде“, рекла портпаролката на Могерини, Маја Коцијанчиќ, одговарајќи на прашање кој ќе присуствува на средбата и дали Заев ќе добие посебна покана ако не успее дотогаш и официјално да ја формира владата.
Могерини, имено, за 24 мај ги повика лидерите на шест држави од регионот-Србија, Црна Гора, Косово, БиХ, Албанија. Црна Гора и Македонија, на неформална работна вечера на собир кој ќе послужи да се направи пресек на постигнатото од последната посета на шефицата на европската дипломатија за регионот, во март годинава.