ЕУ и НАТО не им веруваат на ,,солзите” на Села и Ахмети

Продолжува молкот на западните партнери на Македонија за таканаречениот балансер за кој вчера на прес конференција Зијадин Села побара интервенција на меѓународниот фактор.

Села, преку прес-конференција го повика меѓународниот фактор да интервенирал за ,,тенденции и дејствија кои можат да имаат последици за граѓаните на Македонија”.

Посочениот меѓународен фактор засега молчи за барањето на Села и генерално за балансерот. Од страна на водечките западни земји во Скопје нема реакција за балансерот што со оглед на приходите искуства може да значи дека Брисел, Берлин, Вашингтон, Париз, Хаг и другите се согласуваат во Македонија да се елиминира балансерот кој создава услови за дискриминација на граѓани.

,,Aпелирам до меѓународниот фактор, особено до гарантите на Охридскиот договор, САД и ЕУ, да интервенираат во овој тренд и одлука под влијание на политиката за да се запрат плановите кои можат да имаат лоши последици за граѓаните на Македонија. Скандалозно е изјавата од Уставниот суд дека имало временска правична застапеност. Немаме механизми за кои ќе бараме одговорност од овие уставни судии. Ова не е одлука на стручни судии”, рече Селa на прес-конференција во Собранието по повод одлуката за укинување на балансерот од страна на Уставниот суд.

Села постави и прашање до претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски.

-Уставните судии кои гласаа за укинување на етничката припадност – кое е чувството за вашите новородени деца за етничка припадност? Имаат ли тие чувства? Со кое право, ако го немаат тоа чувство, им наметнуваш јазик со сила? Нашиот поглед е дека секој има етничка припадност. Тоа е родова припадност на секое дете. Се удира врз овие теми и прашања, кажа пратеникот.

Села и неговиот коалициски шеф засега остануваат без странска поддршка.