ЕУ воведува одмазднички царини за САД

 

Европската унија ќе воведе одмазднички царини за американски стоки во вредност од 28,33 милијарди долари почнувајќи од следниот месец, пишува Ројтерс.

Европската комисија вели дека овој потег е одговор на американските царини за челик и алуминиум.

Претходно, еврокомесарот за трговија Марос Шефчовиќ рече дека администрацијата на Доналд Трамп не изгледа посветена на напорите да се спречи трговскиот судир со Европската унија.

Шефчовиќ, кој минатиот месец отпатува во Вашингтон за да започне дијалог за да се спречи „непотребната болка од мерките и контрамерките“, рече дека не гледа подготвеност за компромис од страна на Соединетите Држави.