Македонскиот машки ракометен првак Еурофарм Пелистер ќе игра во, условно речено, полесната група А од Лигата на шампионите, која ќе стартува на 11 септември.
Пелистерци, кои ги загубија сите 14 натпревари во ЛШ минатата сезона, но добија вајлд-карта од Европската ракометна федерација (ЕХФ), за противници ги добија Висла Плоцк од Полска, Веспрем од Унгарија, Пари Сен Жермен од Франција, Фредериција од Данска, Фиксе Берлин од Германија, Спортинг од Португалија и Динамо Букурешт од Романија.
Ждрепката во групата Б ги (со)стави дански Олборг, германски Магдебург, шпанска Барселона, полски Кјељце, унгарски ПИК Сегед, француски Нант, хрватски Загреб и норвешки Колстад.
Во следната фаза ќе се пласираат по шест најуспешни екипи од двете групи.