Македонија со 8 починати од 1000 новородени бебиња луѓе е веднаш зад Турција на неславната ранг листа која што ја мери смртноста на новороденчиња во Европа и земјите кандидати.
Најмала смртност на бебиња во Европа има во Словенија (под 2), следуваат Финска, Исланд, Црна Гора и Норвешка а меѓу првите десет со под 3 починати бебиња се и Чешка, Естонија, Шведска, Шпанија и Кипар.
Најголемиот дел од починатите бебиња според истражувањето умираат во првите 28 дена што се нарекува неонатален морталитет, најчести причини се прерано породување и вродени аномалии.
Во 1900 година на тлото на Европа секое десетто бебе умирало во првата година од животот што е за 10 пати повеќе од сега најлошо рангираната земја Турција.