Не „Ес 8“ туку Galaxy J7 (2017) и J5 (2017) се главни ѕвезди во новото видео на Samsung пишува порталот GSM.mk.
Иако Samsung сеуште не ги претстави официјално, веќе се појавија неколку информации и видеа од новите членови на J серијата!

Двата уреди се направени од метал и имаат ист дизајн, но се разликуваат во големините. Ќе доаѓаат со Android 7 Nougat, и за разлика од другите телефони во серијата, вклучуваат скенер за отпечатоци.
Galaxy J7 доаѓа со 5.5 инчен 1080p дисплеј. Под хаубата, се наоѓа Exynos 7870, 3GB RAM и 16GB меморија. И задната и предната камера се од 13 мегапиксели, а батеријата е 3600mAh.
Galaxy J5 исто така доаѓа со Exynos 7870 и 13 мегапикселни камери, но нуди само 2GB RAM и батерија од 3000mAh. Дисплејот е 5.2 инчен со резолуција од 720p.
