Естонија: Малцинските Руси немаат право да гласаат

Парламентот на Естонија усвои нацрт-закон за забрана на големото руско малцинство во земјата и на другите жители на земји кои не се членки на ЕУ да гласаат на локалните избори.

Пратениците усвоија уставен амандман според кој „правото на глас на локалните избори ќе им биде одземено на државјаните на трети земји кои живеат во Естонија“, се вели во соопштението на парламентот, цитирано од АФП.

Доколку биде потпишана од претседателот, мерката ќе влијае на 80.000 руски граѓани кои живеат во Естонија.

Естонскиот премиер Кристен Михал го поздрави исходот како „победа за сите“, додавајќи на X: „Одлуките во нашиот локален живот нема да ги носат граѓаните на државите агресор, туку ние ќе одлучиме сами“ мислејќи на руската војна со Украина.

Речиси 80.000 руски граѓани имаат дозвола за престој во поранешната советска република со 1,3 милиони жители, која ја врати својата независност во 1991 година. Естонија не го признава двојното државјанство.

Има и речиси 60.000 луѓе кои останаа без државјанство по падот на Советскиот Сојуз.