Епско видео како најава за епскиот тениски турнир „Шест слем кралеви“ во Саудиска Арабија

Најдобрите тенисери на планетата ќе учествуваат на натпреварувањето „Шесте слем кралеви“ во Саудиска Арабија.

По тој повод, во саботата е снимено и споделено промотивно видео од Турки Алалшик, човекот задолжен за инвестиции и промоција на спортот и забавата во својата земја.

Со Ѓоковиќ на натпреварувањето од 16 до 19 октомври се и Рафаел Надал, Карлос Алкараз, Јаник Синер, Данил Медведев и Холгер Руне.

А колку тоа ќе им биде важно на организаторите, покажува и промотивното видео каде секој од играчите е прикажан со некои свои специфични карактеристики.

Така, Рафа е направен од глината што го прослави во текот на неговата кариера, Руне е на викиншки брод, Синер е претставен како ренесансен уметник, Медведев јава мечка како симбол на Русија, а Алкараз е силен и во сив костум како робот, додека Новак е претставен на особено интересен начин.

Ѓоковиќ медитира со глутница волци, кои често ги спомнува во последните години поврзувајќи ги со неговиот борбен карактер.

https://platform.twitter.com/embed/Tweet.html?dnt=false&embedId=twitter-widget-0&features=eyJ0ZndfdGltZWxpbmVfbGlzdCI6eyJidWNrZXQiOltdLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X2ZvbGxvd2VyX2NvdW50X3N1bnNldCI6eyJidWNrZXQiOnRydWUsInZlcnNpb24iOm51bGx9LCJ0ZndfdHdlZXRfZWRpdF9iYWNrZW5kIjp7ImJ1Y2tldCI6Im9uIiwidmVyc2lvbiI6bnVsbH0sInRmd19yZWZzcmNfc2Vzc2lvbiI6eyJidWNrZXQiOiJvbiIsInZlcnNpb24iOm51bGx9LCJ0ZndfZm9zbnJfc29mdF9pbnRlcnZlbnRpb25zX2VuYWJsZWQiOnsiYnVja2V0Ijoib24iLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X21peGVkX21lZGlhXzE1ODk3Ijp7ImJ1Y2tldCI6InRyZWF0bWVudCIsInZlcnNpb24iOm51bGx9LCJ0ZndfZXhwZXJpbWVudHNfY29va2llX2V4cGlyYXRpb24iOnsiYnVja2V0IjoxMjA5NjAwLCJ2ZXJzaW9uIjpudWxsfSwidGZ3X3Nob3dfYmlyZHdhdGNoX3Bpdm90c19lbmFibGVkIjp7ImJ1Y2tldCI6Im9uIiwidmVyc2lvbiI6bnVsbH0sInRmd19kdXBsaWNhdGVfc2NyaWJlc190b19zZXR0aW5ncyI6eyJidWNrZXQiOiJvbiIsInZlcnNpb24iOm51bGx9LCJ0ZndfdXNlX3Byb2ZpbGVfaW1hZ2Vfc2hhcGVfZW5hYmxlZCI6eyJidWNrZXQiOiJvbiIsInZlcnNpb24iOm51bGx9LCJ0ZndfdmlkZW9faGxzX2R5bmFtaWNfbWFuaWZlc3RzXzE1MDgyIjp7ImJ1Y2tldCI6InRydWVfYml0cmF0ZSIsInZlcnNpb24iOm51bGx9LCJ0ZndfbGVnYWN5X3RpbWVsaW5lX3N1bnNldCI6eyJidWNrZXQiOnRydWUsInZlcnNpb24iOm51bGx9LCJ0ZndfdHdlZXRfZWRpdF9mcm9udGVuZCI6eyJidWNrZXQiOiJvbiIsInZlcnNpb24iOm51bGx9fQ%3D%3D&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1839987826500223069&lang=en&maxWidth=750px&origin=https%3A%2F%2Fplusinfo.mk%2Fnovak-meditira-so-glutnica-volci-epska-promoci-a-za-natprevaruva-eto-shest-slem-kralevi%2F&sessionId=496b0c4b118e109f0a4621f9a3b7f46a69c85272&theme=light&widgetsVersion=2615f7e52b7e0%3A1702314776716&width=550px

Оваа снимка особено го возбуди Руне, при што ги сподели своите размислувања за неа.

„Ова е најдобриот промотивен клип за изложбен настан што сум го видел“, напиша Руне, а многумина ќе се согласат откако ќе го погледнат петминутниот спектакл.

Данецот објасни и дека не е се во специјалните ефекти, како што изгледа на почетокот.

„Сите учествувавме во снимањето една недела пред турнирот во Монте Карло. Последната снимка е навистина неверојатна за гледање“, додаде Руне.