ЕПП: Да не се претерува со ентузијазмот за блокадите од Грција и Бугарија

Европската народна партија (ЕПП) која што е најголема група во Европскиот парламент е задоволна од развојот на настаните меѓу Македонија и двоецот Грција и Бугарија но бара да се биде претпазлив до очекувањата, пренесува порталот Еуроактив.

Еуроактив разговарал со неколку делегации на ЕПП во врска со Македонија и новиот позитивен развој на настаните во врска со ЕУ и НАТО при што се добиени различни позиции. Најголем дел од соговорниците бараат да се „чека и да се види“ како ќе се развие ситуацијата.

Дел од ЕПП не ја разбира позицијата на Грција во дебатата за името и смета дека е неоправдано што Атина ја блокира Македонија за влез во НАТО и ЕУ толку многу години. Според нив „позитивната евроатланска динамика“ не е доволна за да се биде премногу оптимист.
Според извори во ЕПП присутни на самитот на „народњаците“ во четвртокот во Брисел постои јасна индикација дека се менува правецот на Македонија и дека се распаѓаат тврдите линии на Никола Груевски. Но изворите предупредуваат дека одлучна промена може да се случи само доколку Заев продолжи да ја менаџира различната политика од Груевски на долг рок.

Според изворите во ЕПП Груевски ќе се обиде да ја искористи оваа позиција на Заев кон Бугарија и Грција како муниција за да ја дестабилизира или да ја урне владата.

Друг извор предупредува против „претераниот ентузијазам“ потсетувајќи на долгогодишната позиција на Грција според која пред решение за името нема напредок.

Во тој контекст на владата во Скопје од централно десничарската групација и се упатува порака дека националните интереси се поважни од партиската политика.

„Покажуваат флексибилност за да ги импресионнираат соседите но на долги патеки тие морааат да ја имаат јавната поддршка на нивна страна“, вели изворот на Еуроактив. 

 фото: Еуроактив