Шкотскиот тенисер загуби од анонимниот Џордан Томпсон на турнирот во Лондон и тоа многу едноставно во два сета (7-6, 6-2), по што Рафа Надал кој по триумфот на Ролан Гарос одмора, дополнително ќе се приближи до водечката позиција на светскиот ранкинг. Поразот на Мареј од 90. играч на планетата е зачудувачки особено што 23. годишниот Австралиец на главниот турнир дојде како “лаки лузер”, односно по поразот во квалификациите и по повлекувањето на Бедене.
Ова за петкратниот победник на турнирот во Лондон е прва елиминација во воведниот круг уште од 2006. година со што ќе загуби доста поени, а Надал беше оддалечен од Мареј само 2005 поени. Од понеделник таа разлика ќе се сведе на 1500.