Договор без преседан постигнаа САД и северноамериканската држава, откако Ел Салвадор се согласи да прифати луѓе депортирани од САД, без оглед на нивната националност и „досие.
Според Си-Ен-Ен Ел Салвадор ќе прифаќа криминалци од затвор без оглед на нивното државјанство, што значи дека ќе прифаќа и државјани на САД. Ова го договорија американскиот државен секретар Марко Рубио и претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле на состанокот во понеделникот.
„Во чин на извонредно пријателство кон нашата земја, Ел Салвадор се согласи на најневидениот и најнеобичниот договор за миграција насекаде во светот. Тие, исто така, ќе прифатат за депортација секој нелегален странец во САД кој е криминалец, без разлика на националноста, без разлика дали се членови на МС-13 или Трена де Арагуа, и ќе ги сместат во нивните затвори. Ел Салвадор понуди да смести во своите затвори опасни американски криминалци кои се во притвор во нашата земја, вклучително и оние со американско државјанство и легални жители“, рече Рубио.
Претсдателот Букеле напиша на социјалните мрежи дека тие се „подготвени да примат исклучиво осудени криминалци.
BREAKING: El Salvador agrees to take in criminals of any nationality including US convicts…. This will be their new home:
— End Wokeness (@EndWokeness) February 4, 2025