Екс шеф на ЦИА за регионот: Скратена Македонија да размисли за федерација со Србија

По една година повторно се јави поранешниот шеф на ЦИА за Балканот Стивен Мејер кој во ист стил повторно преку српските медиуми под контрола на владата во Белград предупредува дека на Балканот може да му се случи хаос.

Причина за тоа се новите граници кои што ќе мораат да бидат повлечени во регионот. Според овој екс оперативец на ЦИА нови меѓи ќе мораат да бидат повлечени во Македонија и на Косово.
Мејер смета дека Европската Унија нема решение за Балканот а дека САД веќе не е заинтересиран за регионот како порано.
„БиХ е денес подалеку од било кога како единствена држава, прашањето за Косово станува се посериозно а Македонија е во сериозно пропаѓање со месеци. Во исто време ЕУ нема одговор за прашањата кои што го мачат Балканот“, вели Мејер за Новости.
Според него евентуалната промена на границата меѓу Албанија и Македонија може да доведе до создавање на Голема Албанија но тој проект не би добил поддршка од САД. Сепак во овој контекст треба да се знае, предупредува, Мејер дека администрацијата на Трамп нема да реагира посебно ако овие промени дојдат по мирен пат како што тоа се случи со Црна Гора“, вели американскиот аналитичар.
Во врска со состојбата во Македонија Мејер вели дека ако Црна Гора и Косово може да добијат независност и скратена Македонија може да функционира како независна држава  но тоа според него можеби не е најдобар правец на делување за намалената Македонија доколку загуби еден дел од својата територија. Затоа тој препорачува да се разгледа опцијата таква Македонија да ја разгледа можноста од федерација со Србија.
Во врска со Косовската армија Мејер вели дека Вашингтон не е наклонет на оваа идеја но дека тоа може лесно да се промени затоа што администрацијата на Трамп нема експертска поддршка за Балканот и затоа Србија треба многу внимателно да ги следи промените во политиката на САД.
Пред точно една година Мејер кој е чест гостин на српските медиуми каде говори за регионот изјави дека најопасно место на Балканот во моментов е Македонија, не само поради проблемите меѓу македонските Албанци и македонските православни верници, туку и поради тоа што меѓу самите православни верници во Македонија постојат несогласувања.