Експратеник со непристоен предлог до сопругот на Виолета Дума, член на ДИК

Поранешен директор на Агенцијата за информирање во 2002 година, а подоцна пратеник на НСДП (2006 – 2008), Веле Митановски, на социјалните мрежи упати невообичаено барање до сопругот на членот на Државната изборна комисија од редовите на СДСМ, Виолета Дума.

Митановски од професор д-р Алексеј Дума, водечки стручњак за судска медицина во Македонија, бара да си ја прибере сопругата, при што говори за наводен „кум кој што ја утрапил во ДИК“.

„Ем кабаетлија – ем фусатлија: Професорот д-р Алексеј Дума да си ја прибере таа бабичката дома, да и удри една добра форензична (де)токсикација, за да не изигрува супер – госпоѓа и за да и дојде умот – додека не заминал кумот кој ја утрапил во ДИК!?“, пишува Митановски по изјавата на Дума во која таа ја брани одлуката ДИК на своите членови за прекувремената и напорна работа да им исплати по 9 плати вредни десетина илјади евра.

Членот на СДСМ во ДИК Виолета Дума беше најгласна во обидот да се одбрани одлуката за доделување бонус, иако најави дека парите ќе ги донира на тие на кои што им требаат повеќе.