Поранешната оперативка на ЦИА која што се пензионирала по престојот во Скопје во 2003 година, за американските медиуми тврди дека средбата на Доналд Трамп Јуниор со руската адвокатка Наталија Веселнитскаја е класична замка на руската разузнавачка служба.
Според оваа екс агентката која што за време на престојот во Скопје била пријавена како дипломат а имала задача да бара воени злосторници на Косово, понудата на Русите за податоци кои што можат да и наштетат на Хилари Клинтон е класична тактика на службите со цел да го компромитираат синот но и таткото Доналд Трамп.
Моран е вознемирена уште повеќе од фактот што на средбата на Трамп Јуниор со руските агенти бил присутен и зетот на претседателот Трамп, Џаред Кушнер кој сега има пристап до сите најважни американски тајни податоци.
Тоа што за средбата која што се одржала лани пред изборите не е информирана американската влада е голема работа, тоа може да ве одведе во затвор, смета екс агентот на ЦИА кој по заминувањето од службата напиша неколку книги и е чест гостин на американските медиуми на тема безбедност и разузнавање.