Екс обвинителот Војо Димоски го поставува прашањето зошто владата на СДСМ и ДУИ, нивниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески и екс министерот Оливер Спасовски цели 7 години не постапувале по наводите на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска дека имало незаконитости во фирми каде удели имала министерката за енергетика Сања Божиновска.
Пораката од ставот на Димоски кој сам ја напушти обвинителската функција е дека ако навистина имало пријави против Божиновска и тие биле основани таа ќе била прогонувана.
,,Кажете и на Блонди да го праша Оливер Спасовски дали МВР под негова палка постапувала по овие сознанија. После тоа нека го побара некаде по клупите во Градски парк пензионерот Јовески и да му го постави истото прашање.
Изгубени во Васионата”, пишува Димоски нарекувајќи ја Кузеска Блонди според бојата на нејзината коса која потсетува на легендарната пејачка Деби Хари од истоимениот рок бенд од деведесетите!
Претходно Кузеска во политичка пресметка со министерката за енергетика и ВМРО-ДПМНЕ изјави дека фирми во кои била дел и Божиновска имале пријави од македонските институции за незаконско работење и малверзации вели портпаролката на СДСМ.
Кузеска засега не одговара дали ги прашала Спасовски и Јовески зошто не ја гонеле Божиновска.
Ако се суди според претходното искуство со други луѓе доколку имало основа Божиновска како блиска на тогашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ а сега премиер Христијан Мицкоски сигурно ќе беше уапсена или кривично гонета.
Најчитани статии