Во врска со информацијата на Алсат М дека Србинот Александар Обрадовиќ ќе биде директор на ЕЛЕМ до владеачката партија реагира експертот за геостратегија и енергија Даме Чкатроски кој на СДСМ и порачува дека има најмалку три причини зошто натурализираниот Србин кој наскоро ќе добие македонски пасош не смее да дојде на чело на ЕЛЕМ:

„ДВА ЗБОРА ДО СДСМ ДУРИ НЕ СМЕ ПИЈАНИ…

1.Заради безбедносни причини овој не смее да биде директор на ЕЛЕМ (Ако не разбирате за што зборувам ми го знаете мобилниот)
2.Заради судир на интереси (Да не дојде да плачете)
3.Со македонските енергетски стратегии ни СДСМ ни свети СДСМ не смее да си игра. Енергијата е многу висока игра за да се игра на ваков начин.

И на крај се надевам дека ова е шпекулација“, вели Даме Чкатровски во својот коментар на Фејсбук во врска со информацијата дека србинот Александар Обрадовиќ ќе ја води една од најголемите македонски компании која годишно има приход од околу 250 милиони евра.

Во првичната вест на телевизијата Алсат М се укажува дека Обрадовиќ бил дел од неколку афери додека бил директор на српската национална енергетска компанија.