Четворица фунционери барале ,,врски” со цел да им се искинат казните за сторени сообраќајни казни, дознава expres.mk од пониски ешалони во полицијата.
Лобирањето на четворицата функционери од сите нивоа и од повеќе политички партии од власта и опозицијата било одбиено и тие добиле одговор дека ќе одговараат ,,по кратка постапка” односно прекршочните пројави и казните нема да им бидат искинати или поништени.
Во повеќе од засилените сообраќајни контроли кои ги врши МВР во кои се опфатени стотици возачи кои сториле прекршоци биле евидентирани и четворицата функционери.
Тргнувајќи од премисата дека досега ваквите проблеми се решавале со помош на еден телефонски разговор или со заканата ,,знаеш ли кој сум јас” или ,,сега ќе му се јавам на министерот” и овие функционери се обиделе да ги убедат полициските службеници да ги пуштаат бе казни.
Некои од нив влегувале во вербална расправа и убедување со полициските службеници што ги запреле а некои се обиделе преку високи функционери во МВР да издејствуваат ,,кинење на казните”.
Според информациите на expres.mk ниту еден од нив не успеал да го заобиколи законот, некој од нив веќе си платиле казна а некои ќе чекаат да излезат пред судот за прекршоци.
Ниту еден од случаите на четирите функционери не е кривично дело туку помали сообраќајни прекршоци за кои следуваат мандатни казни.
,,Преку глава ни е од ,,големци” што веднаш се повикуваат на министер и премиер. Законот мора да важи за сите инаку не сме држава” коментира еден од полицајците кои запреле функционер.