Ексклузивно: Пред еден век грчки медиуми ја потврдиле посебноста на Македонците (фото)

Грчки весник од пред повеќе од еден век на најдобар начин ги побива бугарските и грчките модерни тези според кои македонскиот народ не постоела пред втората светска војна и дека е креирана вештачки со декрет на Сталин, Тито и Коминтерната.

Изданието на грчкиот весник „Емброс“ од 18 ноември 1907 година пренесува дијалог меѓу рускиот конзул во Битола, Виктор Фјодорович Каљ и извесен полјак (селанец земјоделец)  од селото Скочивир, Битолско, во кои на експлицитен начин се потврдува високото ниво на националната свест и засебниот јазик на обичното македонско население.

Ваквата ситуација се случувала и покрај тоа што зад македонската национална свест немало организирана држава и институции кои што се грижеле за развој на националното образвовани, култура и јазик , нешто што во тој период  интензивно се случувало во Грција, Бугарија и Србија.


Во еден момент конзулот Каљ го запрашал селанецот „дали е Грк или Бугарин, забележувајќи му дека е Бугарин штом говори на бугарски јазик“, пишува во текстот напишан од грчки новинар кој го придружувал дипломатот.

„Македонци сме, а не Бугари, и нашиот јазик е македонски“, му одговорил македонскиот селанец на рускиот дипломат кој подоцна информациите за засебен народ различен од Бугарите и Грците ги пренесол до своите шефови во Москва.