Блискоста на македонскиот премиер Зоран Заев на партијата ДУИ, која беше коалиционен партнер на ВМРО, предизвика бројни реакции на албанскиот политички блок и кај интелектуалните слоеви, како и кај сите албански граѓани кои се чувствуваат изневерени од тенденцијата Заев и од неговата намера да ја задржи ДУИ на политичката сцена.

Но, што всушност стои зад оваа игра Заев? Од извори блиски до СДСМ и премиерот Зоран Заев порталот на албански јазик фол.мк дознава дека зад сето ова лежи план Б, кој предвидува отстранување на поранешните структури на ОВК од ДУИ и распоредување на лица кои биле или се под контрола на СДСМ и со што ќе биде контролирана целата партија на интегративците.

Истите извори најавуваат дека Заев го подготвува теренот Теута Арифи да стане лидер на ДУИ откако Али Ахмети ќе поднесе оставка со што ќе се затвори и можноста Хазби Лика, да го преземе водството на ДУИ, бидејќи Лика се смета за потенцијална замена на Ахмети на позиција лидер на ДУИ.

„Не случајно г-дин Заев објавил само некои од многуте бомби за официјални лица на ДУИ за да се олесни контролата врз луѓето што се планираат да се распоредат на чело на ДУИ, пишува порталот.

Овој факт станува уште поубедлив ако ги погледнеме работите во поширока хронологија, пишува порталот. Теута Арифи има блиски односи со СДСМ на поранешниот премиер Бранко Црвенковски, а особено со Љубомир Фрчкоски (…) и нивните врските никогаш не беа прекинати. Ова се докажа и по изборите во декември 2016 година, кога Теута Арифи беше таа која најмногу се обидуваше да не дозволи коалиција меѓу ДУИ и ВМРО, туку партијата да влезе во коалиција со СДСМ.

Извори на порталот во ДУИ велат дека повеќето членовите на ДУИ во Тетово биле против кандидатурата на Арифи за градоначалник на Тетово, но наводно таа се заканила дека во таков случај нејзината сестра (?!) ќе биде кандидат на СДСМ за градоначалник и со тоа ќе ги подели гласовите на ДУИ во Тетово.

Индиректно, Зоран Заев исто така имал индиректно влијание врз луѓето кои сега се под негова контрола и се дел од планот за преземање на ДУИ под директна контрола на СДСМ и на премиерот Зоран Заев, пишува порталот на албански.

Овој факт му е добро познат налидерот на ДУИ Али Ахмети, но тој не можел да стори ништо повеќе, тој е повлечен од јавноста, а во вториот круг Зоран Заев повикува на гласање за кандидатот на ДУИ.

Други официјални лица кои се очекувало да бидат дел од оваа промена во ДУИ се Висар Ганиу кандидат за општина Чаир, вицепремиерот Бујар Османи, кандидат за општина Струга Рамиз Мерко, Ружди Лата, Блерим Беџети, Артан Груби, но и други пишува порталот.