Едen загинат во сообраќајка на патот Битола-Ресен

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Битола – Ресен кај месноста викана Макази, загина едно лице а двајца се повредени .

Од СВР Битола информираат дека до несреќата дошло откако патничко возило БМВ со ресенски регистарски таблички управувано од 46 годишен жител на ресенско село, удрил во возило марка пежо со битолски ознаки, кое пак се судрило со трето возило БВМ управувано од 47 годишен ресенчанец, кој патувал со со сопатник.

Од ударот на лице место починал 46 годишникот, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Ресен.

Возачот и сопатникот во другото возило БМВ се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.