Едно фото, тројца претседатели, безброј интерпретации (Кој е главен на светот)

Фотографија снимена за време на состанокот на групата од 20 најразивени земји на светот во Хамбург предизвика многу полемики на социјалните мрежи.

Според  коментарите фотографијата покажува различни работи меѓу кои овие се најинтересни за анализа

  • Главен на светот е Путин
  • Ангела Меркел (чија глава е скината на фотографијата) не е меѓу главните
  • Кога рускиот претседател е во близина Трамп не е толку главен
  • Трите држави кои што се најважни во светската политика се САД, Турција и Русија
  • Ердоган е поважен од Меркел и ЕУ

Се разбира сите коментатори се водат од своите позиции па така русите и проруски настроените се колнат дека Путин е главен, Турците дека без Ердоган не можат Путин и Трамп, Германците дека не може од една фотографија вон контекст да се вадат важни заклучоци и така натаму во зависност од тоа од каде доаѓа коментарот