Една фотографија со илјада емоции за траорната состојба во ДУИ

Една фотографија објавена на профилот на лидерот на Демократската Унија за интеграции Али Ахмети открива илјада емоции за траорната состојба во ДУИ.

Говорот на телото на функционерите на ДУИ на фотографијата која е објавена од настанот на кој Ахмети имал новогодишно обраќање покажува крајна загриженост.

На објавените фотографии од настанот нема голем дел од највисокото партиско раководство што отвора посебни дилеми за состојбата во ДУИ.

Она што оваа фотографија ја прави многу интересна е што на настан кој е убав и организиран со позитивна цел новогодишна прослава на партијата, ликовите на луѓето, благо речено, се крајно вознемирени.

Ниту од лицата на фотографијата не е насмеано, напротив јасно се гледа дека Црната листа на САД на која се најдоа потпретседателот Артан Груби и судијата Енвер Беџети и бегството на Груби кој се бара за криминал, предизвикува траорни емоции кои не можат да се скријат дури ни на убави настани.

Сите фотографии од настанот на овој линк