Албанскиот премиер ја критикува ЕУ бидејќи ја условува визната либерализација на Косово со демаркација со Црна Гора, а преговарала со Србија, која дури и не ја признаала независноста , а камо ли границата со Косово.
Во интервју за виенски „ Стандард“ Еди Рама вели дека претците на младите Косовари живееле во една земја во која не биле признати нивната националност и статус на република.
Сега тие имаат сопствена земја, но биле во „лебдечка состојба“, вели албанскиот премиер.
Според него, косовките граѓани биле единствените луѓе во цела Европа кои не можат да излезат од нивната земја поради некоја глупост и дека им се поставувале услови за добивање безвизен режим.
Рама, кој (наводно) се залага за „сојуз” со Косово, доколку земјите од Западен Балкан не пристапат во ЕУ, вели дека „Косоварите беа под многу брутален режим и не можеа да одат во Европа, а сега тие имаат своја држава и пак не можат да патуваат“
Не само што има замор од проширувањето, туку има и умор во трпението, вели Рама.
Албанскиот премиер вели дека, секогаш ќе се грижи за Албанците што живеат во други земји, бидејќи, како што објаснува, тоа го предвидува и албанскиот устав според кој албанската држава треба да се грижи за сите Албанци.
Во истото интервју тој рече дека Албанците не се малцинство во Македонија туку уставотворен народ.
И косовскиот ретседател Хашим Тачи денеска ја обвини меѓународната заедница дека не исполнила ниту едно ветување иако Приштина се согласи да се формира Специјален суд, кој ќе ги процесуира случаите во кои Албанци се обвинети за воени злосторства за време на војната.
И покрај ветувањата, меѓународната заедница до денес не исполни ниту едно ветување како побрза евроинтеграција на Косово, визна либерализација и полноправно членство во УНЕСКО, рече тој.