Еден од напаѓачите бил азиец или со медитеранско потекло

Очевидци на нападите во Лондон за ББЦ по нападот изјавиле дека во нападите на Лондонскиот мост и Бороу маркетот учествувало едно лице кое што имало голем кујнски нож а имал азиско или медитеранско потекло.

Според последните информации на медиумите во Британија полицијата потврдува дека до околу 3 часот по полноќ имало двајца мртви.

Лондонската метрополитен полиција од граѓаните бара да ги почитуваат барањата на полициските и воените единици кои што се распоредени на улиците и да бидат мирни.