Европските земји почнаа интензивно да се вооружуваат не само по руската инвазија на Украина, туку и по окупацијата на Крим во 2014-та.
Податоците на Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања покажуваат дека некои земји ги удвоиле своите воени трошоци од 2015 година, а две дури и тројно, пренесува Index.hr.
Во 2023 година, Унгарија повеќе од тројно ги зголемила своите воени трошоци во споредба со 2015 година (по цени и девизни курсеви од 2022 година). Лани тие изнесуваа 3,88 милијарди долари (според курсот и цените во 2022 година), а во 2015 година беа 1,15 милијарди долари.
Ова е највисок раст во цела Европа, ако се исклучи Украина.
Литванија тројно ги зголеми воените расходи (раст од 208,7 отсто), а Латвија ги зголеми за 161,8 отсто.
По нив доаѓа Полска, која во 2023 година потрошила 26,78 милијарди долари, а во 2015 година 11,33 милијарди долари.
Меѓу првите десет е и Србија, која за армијата во 2023 година потрошила 1,84 милијарди долари, а во 2015 година 0,9 милијарди долари.
На десето место е Македонија која за 101,8% ги зголмила трошоците за одбрана.