Шетирите предлози за интерпалација се за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени, како и за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ, јави Фактор.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, на прес-конференција вчера изјави дека интерпелацијата ја поднесуваат за работата на четворица членови на Владата, за кои наведе дека се без етнички легитимитет.
Беџети за Тошковски и неговиот заменик Исени, рече дека тие на денот на празникот на албанското знаме, како одговорни лица, и наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.
За вицепремиерот Меџити, Беџети рече дека е одговорен за лошото управување со состојбите кои се случуваат во државата, како и за меѓуетничките односи.