Европска унија ги укинува печатите во пасош

Печатите во пасош заминуваат во историјата, откако Европскиот парламент денеска во Стразбур го изгласа новиот систем за регистрирање на влезот и на излезот на државјаните од трети земји на надворешните граници на Европска унија од 2020 година.

„Новите мерки нема да го отежнат животот на граѓаните од Западен Балкан. Напротив, би требало да го олеснат преминувањето на границите. Целта беше токму што побрзо да се патува, а во исто време да се придонесе во борбата против тероризмот. Целиот систем го нарекуваме ‘Паметни граници’“, изјави европратеничката Тања Фајон.

Системот предвидува единствена електронска контрола на документите, со која ќе се проверуваат податоците во пасошот и времето поминато во рамките на шенген-зоната. Со него треба да се спречат измамите, како и кражбата на документите и на идентитетот.

Европарламентот сега ќе преговара со Советот на Европа однапред одобрен влез во Унијата, тоа да им се овозможи на посебен киоск на граница. Не е конечна ниту цената од 10 евра за потврда на влезот, која може да биде и помала по преговорите.