Европската комисија обвинета дека нудела илегален таен договор за цензура на слобода на говор

Европската комисија е јавно обвинета дека нудела илегален таен договор за цензура на слобода на говор.

Ова тешко обвинување го објавува сопственикот на социјалната мрежа Х поранешен Твитер Елон Маск кој тврди дека освен неговата компанија другите социјални мрежи ја прифатиле понудата од Европската Комисија.

Тој во објава на Х вели дека на компанијата и било нудено без никој да знае да цензурира објави а за возврат да не добие парична казна од ЕК.

,,Европската комисија понуди 𝕏 незаконски таен договор: ако тивко го цензурираме говорот без да кажеме никому, тие нема да нè казнат.

Останатите платформи го прифатија тој договор.

𝕏 не”, пишува Маск.

Според ЕК социјалната мрежа прави повеќе прекршоци и за тоа мора да биде казнета.

,,Според наше мислење, X не е во согласност со DSA во клучните области на транспарентност. Ги доведува во заблуда корисниците, не обезбедува соодветно складиште за реклами и го блокира пристапот до податоците за истражувачите. Тоа е прв пат да издаваме прелиминарни наоди според Законот за дигитални услуги”, пишува Маргарет Вестагер, извршен потпретседател во ЕУ одговорна за Дигитална ера и комесар за конкурентност.

https://x.com/vestager/status/1811723602288374086?t=2mUG3uiOJabj5jzsJLgDWA&s=19