Хан најавува 13,5 милијарди евра за Западен Балкан до 2020

 

 

Како дел од таканаречената „Агенда за поврзување„ на западниот Балкан Европската Унија очекува до 2020 година во регионот да бидат инвестирани до 13,5 милијарди евра. Парите треба да бидат финансирани во клучните енергетски, тренспортни и капацитети за животна средина.

Ова го тврди еврокомесарот Јоханес Хан во изјава за време на денешната конференција посветена на иднината на Западниот Балкан што се одржува во Белград. Само Европската Унија преку грантови ќе даде 1,3 милијарди евра за помош на регионот, најавува еврокомесарот.

„Една важна инвестиција што ние ја туркаме вклучува физичко поврзување на регионот со остатокот од Европа, тоа што ние го нарекуваме „ Connectivity Agenda“. Ние алоциравме 1,3 милијарди евра вредни грантови и ланираме да дојдеме до 13,5 милијарди евра на инвестиции заедно со јавниот и приватниот сектор во енергетски, транспортни и проекти за заштита на животната средина до 2020 година“, се вели во изјавата на Хан.

Засега нема детали како овие пари би биле распоредени низ земјите во регионот.

За помош на Грција од почетокот на финансиската и должничка криза Европската Унија и членките на ЕУ на Атина и доделија финансиска помош од над 200 милијарди евра.