Доколку цените на прехранбените производи драстично се покачат наредниот месец, ќе има и поригорозни мерки, најави Министерот за економија Бесар Дурмиши.
„Во наредниот месец очекуваме повторно намалени цени поради тоа што стапува на сила Законот за нефер трговски практики.
Ако трговците ги покачуваат цените и тоа го видиме на терен, ќе донесеме поригорозни мерки“, кажа Дурмиши во изјава пред медиумите.
Со Законот за нефер трговски практики, кој опфаќа околу 2.500 производи, се очекува намалување на цените во маркетите преку уредување на односите помеѓу трговците и добавувачите, но според министерот Дурмиши оваа година нема да има казнување, туку тоа ќе започне од следната година.
Во септември, Владата на седница ја донесе мерката за ограничување на бруто профитна маржа на дел од основните прехранбени производи до 10 проценти во трговијата на големо и во трговијата на мало.