Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски го коментира галиматијасот со (не)важноста на патните исправи и на личните карти со „Република Македонија“.
„Од Македонија не можеш да излезеш со стара патна исправа, ама затоа можеш со лична карта да влезеш во Албанија или во Србија и од таму непречено, повторно со стара патна исправа, да патуваш каде сакаш, освен во Македонија и во Грција. Или се кловнови, или сме окупирани, а можеби и двете“, напиша на Твитер еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која пред седум години 70-тина денови организираше протести низ 40-тина македонски градови и населени места токму против опасноста на македонските граѓани да им се случува ова што им се случува.