Дури 6 членови на „Десна“ на протест пред судот бараат правда за Палчо

Пред почетокот на денешното рочиште од судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски пред зградата на Кривичниот суд 6 членови на партијата на Љупчо Палевски-Палчо изразија незадоволство и сомнежи во правичноста од водењето на постапката.

Преку транспаренти и кус говор рекоа дека се врши прогон на членовите на Десна, а партиското седиште било запечатено од истражните органи, јави Плусинфо.

Во Основниот суд продолжи судењето на кое се очекува ОЈО да се произнесе по барањето на обвинетиот Палевски за изземање на целото скопско Обвинителство.

Ново судско рочиште за убиствата на Вања и Панче