Дел од пратениците на ДУИ во Собранието биле вознемирени откако народните претставници на СДСМ вчера биле против носење на Законот за употреба на јазиците без дебата за поднесените амандмани на ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците на СДСМ притиснати од јавноста не успеал да ги убеди ни Артан Груби ни спикерот Џафери а не успеала ни комуникацијата меѓу лидерите Заев и Ахмети.
Поради тоа, како што јавува САКАМДАКАЖАМ.МК, колегите од ДУИ не им правеле муабет на пратениците од СДСМ и им се налутиле што не дозволиле да се затвори расправата за Законот за употреба на јазиците.
За да се смират страстите спикерот Џафери за една недела ја одложи работата на Собранието и најави дека ќе се најде решение но не кажа дали ДУИ сега дополнително ќе притисне или дефинитивно ќе се откаже од спорниот закон.