ДУИ денеска преку соопштение оценува дека, за жал, пропаднале напорите за воспоставување на неселективна правда.
„Сите политички интервенции ја доведоа довербата во судството до 2% поради партискиот притисок во сите години по осамостојувањето, од македонските политички партии, кој продолжува и денес со цел воспоставување на селективна правда според партиската агенда.
Затоа, за сите неуспеси и недоверба, време е да се воспостави меѓународно следен ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизација и транзиција во сите 32 години независност“, велат од ДУИ.
Оттаму ги повикуваат политичките партии да се надминат себеси, да престанат со „ловот на вештерки“ и да ја измамат јавноста за политички дефокус и заедно да го донесат законот за меѓународно следена верификација на сите обвинувања од осамостојувањето до денес.Телеграфи