ДУИ: Казни за Иванов и за сите што не го спроведуваат Законот за јазици

Претседателот Иванов ќе биде казнет за неспроведување на Законот за употреба на јазиците, најави на ТВ Алсат пратеникот на ДУИ Џеват Адеми.

Адеми во контекст на спроведување на Законот за употреба на јазиците испрати порака дека ќе бидат казнети сите што нема да го почитуваат законското решение. Првата казна ќе биде изречена за шефот на државата.

„За официјалниот статус на албанскиот јазик не се грижи носителот на институцијата, туку самата институција. Овој Иванов, кој одби да го потпише указот за законот за албански јазик, ќе биде казнет за неупотреба на албанскиот јазик и тоа за две три недели”, изјави Џафери.

Според него владата зависи од спроведување на законот.

“Досега немало казнени одредби. Соочувајќи се со неспроведувањето на законските одредби ние воведовме казнени одредби. Не е популарна мерка во законот да воведеш казнени одредби. Се согласувам со тоа како еден од авторите на законот. Не го направивме тоа толку лесно, но во Македонија имаме појава на неспроведување на законите. Бидејќи законот за албански јазик за нас е важен, ние сме предвиделе и казнени мерки. Ќе ги удриме по џеб, еднаш, два пати, три пати и ќе видите. Законот за јазиците, спроведувањето на законот за албански јазик во пракса е клучот за преживувањето на оваа Влада“, изјави пратеникот на ДУИ на Алсат – М.