ДУИ го избриша видеото кое може Ахмети да го стави на Црна листа

ДУИ го избриша видеото кое се споделуваше последниве денови во кое тој зборува за војна и меч а може Ахмети да го стави на Црна листа на САД.

Видеото кое го споделуваа членови на ДУИ веќе не може да се најде на профилите на партијата на Ахмети.

Партијата не соопштува зошто видеото во кое Ахмети меѓу редови се заканува со војна веќе не е достапно на партиските платформи но огромна е веројатноста дека во ДУИ сфатиле дека тоа е најбрзиот пат лидерот да биде ставен на црна листа.

Видеото беше објавено веднаш откако американскиот претседател Бајден ја прошири рамката за американски санкции за луѓе заглавени во корупција и луѓе што можат да се обидат да го дестабилизираат Балканот.

Новата рамка на Бајден е како создадена за Ахмети.

Повеќе детали за опасноста Ахмети да се најде на Црната листа на САД во овој текст

Паника, лоша проценка или е подготвен да оди до крај за да биде запаметен како националист

Ахмети на пат да биде санкциониран од САД, што му требаше радикално видео по извршната наредба на Бајден