ДУИ: Ахмети нема бројач на пари во својот кабинет

Од ДУИ тврдат дека Али Ахмети нема бројач на пари во неговиот кабинет и дека фотографијата на која тој е сликан со апарат кој го користат банки, бизнисмени и благајници е на друг човек.

Според партијата Ахмети само се сликал со таков бројач на пари во канцеларијата на сопственикот на компанијата “Татковина” од Гнилање, Исмет Сулејмани, кој, како што велат од таму, бил ветеран на ОВК и голем поддржувач на албанската кауза.

На фотографија што ги шокираше социјалните мрежи Ахмети гледа во портретот на основачот и водачот на ОВК, Адем Јашари.

Дел од медиумите забележаа дека на неа се гледа и бројач на пари кој е невообичаен дел од опремата и техниката на еден лидер на партија.