Полскиот претседател најавил инволвирање на неговата држава во решавање на споровите на Балканот. Ова ветување претседателот на Полска Анждеј Дуда го дал за време на посетата на Атина што е прва на еден полски шеф на држава по 19 години.
Дуда изјавата ја дал по средбата со претседателот на Грција Прокопис Павлопулос кој пред гостинот од Полска изјавил дека Европската Унија се соочува со сериозни предизвици во врска со Македонија и Кипар.
Полскиот претседател во пораката пред Павлопулос рекол дека ЕУ треба да ги држи отворени своите врати за балканските земји затоа што унијата според него треба да се проширува и покрај Брегзит.
За време на посетата Дуда го добил највисокото грчко државно одликување а тој на Павлопулос му го предал највисокиот полски државен орден.