Кандидатот за нов лидер на СДСМ Јован Деспотовски денеска добил информации за голем број на членови на партијата на кои што им било оневозможено да гласаат за иден лидер на СДСМ.
„Очекувам до крајот на денот ќе се почитува принципот на демократски изборен процес и дека членовите на СДСМ ќе изберат еден нов почеток кој што треба да почне уште утре’, рече Деспотовски пренее А1.ОН
Според него, загрижувачки е, како што рече, што во досегашниот тек на гласањето има голем број на членови на СДСМ на кои што не им било овозможено да гласаат иако имаат се она што е потребно за гласање.
„Со мојот тим изминатите неколку денови зборувавме на оваа тема, поднесовме и официјално барање да им се овозможи на сите оние членови на партијата кои ќе се појават на избирачките места, да можат да си го реализираат своето уставно загарантирано право.
Сите овие случаи се евидентираат секаде, имаме контрола на секое избирачко место низ државата во сите општински организации. Без разлика на исходот од гласањето, ќе мора во наредните неколку денови да се посветиме како политичка партија сите овие случаи да ги расчистиме, додаде Деспотовски.
Деспотовски вели дека СДСМ е политичка партија која што во ниту еден момент не смее да си дозволи своите членови да ги враќа од избирачките места, особено не да си го дозволи тој „луксуз“ во ситуација во која што се сега, кога навистина секој член е важен.