Здравственитработници и соработници на кои договорите им истекле и понатаму се евидентираат на Клиниката за токсикологија, и покрај издаденото решени за опомена од Државниот здравствен инспекторат.
Од Токсикологија биле должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, но ДСЗИ не добило такво писмено известување.
Ова денеска на прес-конференција го соопшти Рената Младеновска, директорката на ДСЗИ.
Пред десетина дена лекарите од оваа клиника реагираа дека организациската директорка инсистира да бидат вработени 18 лица на кои договорите им се истечени уште на крајот на минатата година, но тие сè уште доаѓаат на работа во оваа установа, а дел од нив имаат и увид и контакт со лабораториските анализи на пациентите.
Според Младеновска, ДСЗИ ќе издаде решение да се забрани пристап на здравствените работници и соработници кои немаат никаков договор за вработување согласно Законот за здравствена заштита и Законот за инспекциски надзор.
„Првото решение беше решениe за опомена, ова сега ќе бидe решение за забрана. Доколку и забраната не се почитува, ќе следуваат парични казни, кои ќе се однесуваат на медицинскиот и организацискиот директор, како и на установата“,.
На новинарско прашање дали во текот на инспекциските надзори имале комуникација со организациската директорка и дали користеле преведувач, Младеновска одговори потврдно.„Да, и во двата случаи на инспекциски надзор користевме преведувач. Организацискиот директор не го зборува македонскиот јазик, користи преведувач“, рече директоркта на ДСЗИ.