„Друг Шврчковски“ против „Византиски игри“ во советот за реформи на судството

Професорот Љубомир Данаилов Фрчковски обвинува дека во платформата за реформи на правосудството постои неформална група која што со византиски игри сака да создаде влијание и позиција од која што ќе ги именува судиите и ќе го контролира целото судство.

Тој во емисија на Вести 24 со новинарката Наташа Стојановска дебатираше по оставките од видни членови на Советот за реформи во правосудството кој што го формираше владата со цел создавање на стратегија за реформи во еден од најважните сектори за членство во ЕУ и НАТО.

За универзитетскиот професор Љубомир Фрчковски реформите во оваа сфера се пресериозна работа за да може на овој начин да се спроведат. Тој смета дека не е владата таа која што е опасна за процесот туку неформалната група, која што сепак реално има поддршка и е поврзана со владата.

Предходно и други членови на советот како професорот Гордан Кајалџиев кој си даде оставка најавиja дека дека Владата сака сама да ги креира законите маргинализирајќи го советот.

Фразата „Друг Шврчковски“ беше користена од некогашниот ректор на Тетовскиот Универзитет Фадиљ Сулејмани за време на полициската интервенција во Тетово во 1995 година во времето кога Фрчковски беше министер за внатрешни работи.

повеќе во видеото на Вести 24.