Дрогиран македонски возач запрен во Германија

Возач од Македонија вчераутро бил запрен од полицијата на автопат во Германија под дејство на наркотични средства.

Станува збор за 34-годишен македонски државјанин, кој со своето „БМВ“ бил запрен и проверен на влезот на автопатот А3 кај Пасау, а полицајците се посомневале дека конзумирал дрога. Тестот на урината бил позитивен на кокаин, па патролата на сообраќајната полиција од градот на границата со Австрија го одвела македонскиот возач во локалната болница, каде што му зеле примерок од крвта.

За очекуваната казна тој морал да плати гаранција од 500 евра и му било забрането да го продолжи патувањето во наредните 24 часа.

Неодамна германската полиција во близината на Минхен му ја одзеде возачката дозола на македонски камионџија поради зборување на мобилен телефон.