Државниот обвинител води црна кампања против ВМРО-ДПМНЕ ако веќе не води истрага за црна кампања на СДСМ- пишува Горан Момироски

За пошироката јавноста малку познатиот Државен обвинител Љупчо Коцевски денеска одредува значаен дел од неговата иднина како човек и обвинител.

Доколку Коцевски денеска по допрен глас не презел предистражни мерки за обвинителско расчистување на фалсификатот на СДСМ од каде објавија лажни документи со фалсификувани потписи, тој самиот е дел, толерира или води црна кампања против ВМРО-ДПМНЕ.

Јавното обвинителство кое го води има обврска итно да реагира во случај на изборни нерегуларности а со оглед на тоа што Џелал Бајрами, човекот одговорен за избори во ЈО е од ДУИ и нема да реагира, државниот обвинител е тој што треба да преземе мерки.

Ако се следи се што се случува во земјава и во регионот низ децениите назад од денешниот обид на СДСМ со фалсификат да влијае на изборите, може да се заклучи дека ова е дел од поширок план на Бихаќка кој нема да запре и затоа е важно Коцевски веќе да реагирал за што досега нема потврда.

За тие што ги следат балканските прилики е познато дека не е прв пат странски контрактори на Балканот да организираат црни кампањи со креирање на лажни вести со лажни документи за дискредитација на политички противник.

Во досегашните случаи во регионот најчесто на суд по избори се докажуваат фалсификатите кои служат за да се нанесе штета во кампањата.

Тие што ги следат таканаречените твитер ,,Ботови” кои ги бранат или промовираат ставовите на кабинетот на Пендаровски можат да видат дека вториот дел од денешниот обид за фалсификат од СДСМ ќе биде поврзан со лажни афери за лажни руски пари.

Во лагата која допрва треба да се пласира ќе се користи име на една земја членка на ЕУ и НАТО.

На платформата Х односно Твитер подолго време ботовите на Пендаровски и СДСМ емитуваат најави за објава на лажни документи за дискредитација на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа е и дилемата од насловот на оваа колумна дека државниот обвинител Коцевски ќе биде или веќе е дел од црната кампања на СДСМ и Пендаровски ако денеска не покренал предистрага која ќе спречи вакви фалсификати.

Молкот на Коцевски засега дава простор за дилема дека тој може да е дел од планот на Бихаќка. Сега само тој може да спречи нови дилеми и фалсификати за да си ја спаси кариерата.