Македонската млада фудбалска селекција до 21 година одигра одличен меч против апсолутните фаворити за победа, јуниорите на Португалија против кои загубија со 4:2, но одиграа борбено и чесно се простија од навивачите на европското првеснтво во Полска.
И покрај тоа што Португалците на кои им беше потребна победа од 4 голови разлика постојано напаѓаа, лесно поведоа со 2:0 во вториот дел и со 3:1 и 4:2 на крајот сепак беа принудени да се простат од полуфиналето на ЕП.
Вистинска драма се случуваше во последните 4 минути од продолжувањето кога Португалија го постигна четвриот гол и доби надеж дека може да го продолжи престојот во Полска. Сепак на крајот немаа сили да дадат уште еден гол против солидната одбрана на Македонија.
Македонските играчи во првиот дел преку Барди и а во вториот преку Марковски постигнаа два одлични погодоци и ја спречија јуниорската екипа на европскиот првак да се пласира во полуфиналето на европското првенство за играчи до 21 година.
Според европските медиуми екипата на Португалија вреди 125 милиони евра што е за 15 пати повеќе од У21 тимот на Македонија кој на фудбалскиот пазар вреди околу 8,5 милиони евра.
Најблагодарни за одличната игра на Македонија се Словаците кои што на местото на Португалците најверојатно ќе се пласираат во полуфиналето. Во игра за полуфиналето се и Чесите и Италија.