Постојат три главни проблеми со кои што ќе се соочува новата влада кои што не се лесно решливи, пишува германскиот јавен сервис Дојче Веле кој е наменет за странство.
Во анализата напишана од македонската редакција на Дојче Веле која што е објавена и на англиски јазик се вели дека има три главни проблеми со кои што ќе ја троши енергијата владата на Заев.
Првиот проблем е длабоко распространетата корупција, вториот круцијален проблем е вискиот надворешен дол од околу 5 милијарди евра и третиот проблем е долгогодишниот спор за името со Грција.
Во текстот се цитира и ставот на известувачот за Македонија во Бундестагот пратеникот Торнстен Фрај.
„Владата сега ја има својата иднина во своите раце. Германија и ЕУ ја поддржуваат Македонија. Ако има прогрес тогаш сигурен сум дека ќе ќе има притисок врз Грција во врска со спорот за името, вели Фрај.