Со по четири проценти, доселениците од Македонија и од Шпанија го делат петтото место меѓу работниците-мигранти во кантонот Цирих, беше објавено на вчерашниот форум за интеграцијата на странските работници и на бегалците во најголемиот град во Швајцарија.
Од податоците што ги изнесе Нина Гилген, шеф на Кантоналната канцеларија за интеграција, речиси еден од четворица работници од странство доаѓаат од Германија, а пред Македонија се и Италија (14 проценти), Португалија (7 проценти) и Косово (5 проценти).
Сите мигранти, но особено бегалците, се изложени на зголемен ризик од сиромаштија: 5,9 проценти од странците во кантонот Цирих имаат потреба од социјална помош, во споредба со само 2,2 проценти од Швајцарците.