Кошаркарот на Црвена Ѕвезда Перо Антиќ по средбата во Мадрид каде што Белграѓаните победија со неговата тројка во последните секунди добил подарок.

Потпишаниот дрес од најдобриот млад кошаркар во Европа Дончиќ сепак нема да го носи Перо Антиќ туку неговиот син кој се вика Лука, исто како и Словенецот.

Тоа што Антиќ беше директна причина за поразот на неговиот тим, не го спречи Дончиќ да го подари дресот со неговиот потпис за синот на Перо, и имењак на Лука.