Претседателот Доналд Трамп се закани со тарифи од 200 отсто за алкохолот од земјите на ЕУ доколку не се прекинат царините од 50 отсто за виски. Ова доаѓа откако стапија на сила царинити од 25 отсто за целиот челик и алуминиум од сите земји во светот кои влегуваат во САД.
ЕУ со одговори со контрамерки и образложи дека ќе ги зголеми своите давачки за 26 милијарди евра, вклучувајќи чамци, бурбон и мотори, започнувајќи од први април. Царините се централен дел од целокупната економска визија на Трамп кој се надева дека тие ќе го поттикнат производството во САД и ќе ги заштитат работните места, сепак но критичарите сметаат дека во блиска иднина тие ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи.
ЕУ одговори со контратарифи за американски стоки, вклучувајќи чамци, бурбон и мотоцикли, во вредност од 26 милијарди евра, почнувајќи од април.

„Длабоко жалиме за оваа мерка. Тарифите се даноци. Тие се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите. Тарифите ги нарушуваат синџирите на снабдување и внесуваат несигурност во економијата“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија.
Тоа никому не му треба, ниту во Европската унија ниту во САД, додаде таа.
Тарифите се централен дел од целокупната економска визија на Трамп – тој се надева дека тие ќе го поттикнат производството во САД и ќе ги заштитат работните места, но критичарите велат дека наскоро ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи.
Тарифите се даноци што се наплаќаат на стоки увезени од други земји. Компаниите кои увезуваат стоки во земјава плаќаат даноци на владата. Европската унија не е единствена во наметнувањето царини за американскиот алкохол.
Канада воведе царини за американскиот бурбон и веќе почна да го отстранува од полиците на продавниците. Контратарифите беа одговор на увозните даноци на Трамп за канадски производи.